Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кого штити владата за автобуската несреќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Кого штити владата за автобуската несреќа?

„Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија?

Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин.

Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?

Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?

Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?

Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!“

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање