Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне Владата

Ковачевски отиде толку далеку, што и по релативизирањето на примитивизмот на Талат Џафери, мораше да отиде да гледа фудбалски натпревар со него за и тој лично да преземе одговорност за однесувањето на истиот, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ковачевски прифати целата влада да застане зад примитивизмот на Џафери и да го оправда, само за примитивецот од Форино да остане на функција, а со тоа и да не падне владата.

Ковачевски го оправда малтретирањето на вработените во Собранието, и тој застана зад пцовките, навредите и мобингот на Талат Џафери само за да ја зачува владата.

Ковачевски е спремен да жртвува десетина луѓе, и истите да носат психички трауми, само за тој да остане ден повеќе на власт.

Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. За целата држава да не биде заложник на пар луѓе очајни за власт по секоја цена“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти