Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, уште што треба да се случи за да побара оставка?, прашуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Талат Џафери имал средба во собранието на Македонија со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Истата средба Џафери не ја објавил на социјалните мрежи, ниту пак известил преку прес службата на собранието за неа. Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба?“, посочуваат од опозициската партија.

Активностите ма Џафери, оценуваат од партијата на Мицкоски, можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО.

„И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација.
Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој и го приредува Џафери на Македонија“, е наведено во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт