Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација

Пиунот Димитар Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%. Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари“, се наведува во партиската реакција.

Но, во неа се додава и дека стандардот е нагризен уште од порано.

„Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува. Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека лошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикале и дека потребни се реални промени.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт