Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше како владин повереник сомнително исплаќал народни пари на својот шура и дедо

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општината Марвово и Ростуше, Медат Куртовски од позиција владин повереник исплаќал сомнителни трансакции на свои блиски роднини. Имено Куртовски исплатил 1000 евра на својот шура и 950 евра на својот дедо. Вакви скандалозни исплати се правени и во основното училиште во Скудриње. Доколку имаше правна држава уште вчера после објавата на медиумите за оваа афера, надлежните институции ќе отвореа случај за ваквите исплати. Ама институциите молчат, а парите се таманат, се вели во соопштението од ВРМО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Со други зборови функционерите на СДСМ арчат народни пари без око да им трепне и ги делат на свои луѓе како да се работи за семејно наследство. Ете затоа државата и општините раководени од СДСМ се во таква финансиска состојба. Ете затоа сме на ова дереџе.

Од партијата додаваат дека народните пари ако не се поделени како хонорари, тогаш се дебели криминални тендери, ама битно во џебовите на функционерите на СДСМ. Во услови на тешка криза, 500 илјади сиромашни граѓани, колабирано стопанство, екипата на Ковачевски парите ги арчи и око не им трепнува.

Ова мора да престане. Народот ќе ја порази оваа неспособна, неодговорна и криминогена структура на СДСМ, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт