Скопје, 11 март 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери денеска ќе потпишат договор за коалицијата за „Обнова на Македонија“.
Како што информираат од Центарот за комуникации на партијата, настанот ќе се одржи во хотел „Континентал“ во 13:00 часот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги соопшти носители на пратенички листи за претстојните предвремени парламентарни избори. Одлука за кандидатите за пратеници и носителите на листи ја донесе Централниот комитет на партијата, чиј лидер Христијан Мицкоски информираше дека 95 проценти од листите е со нови лица.
И покрај препораките за спречување на ширењето на коронавирусот, од партијата не планираат да ја одложаат партиската конвенција која треба да се одржи вечерва, а на која треба да ги промовираат кандидатите за пратеници, поради тоа што бројноста на присутните ќе била во рамки на дозволеното. вг/сп/