Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата е двоцифрена, стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа

Во месец април Македонија бележи двоцифрена инфлација, што покажува дека стандардот на граѓаните е во стрмоглав пад. Државниот завод за статистика објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1%. Патем инфлацијата во Македонија во споредба со просечната инфлација во Европа е далеку поголема, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ова е резултат на неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ. Секој месец инфлацијата расте и расте се повеќе, што покажува дека мерките на власта не дале никакви резултати, туку напротив состојбите во економијата се влошуваат од ден во ден. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, 7000 компании ставија клуч на врата, 2021-ва година ја завршивме со најмал раст на БДП во споредба со земјите од регионот, долгот незапирливо расте, веќе е над 7 милијарди евра, а се најавува уште едно рекордно задолжување од 900 милиони евра со што ќе дојде до 65% од БДП. Ова се само дел од поразителните економски параметри, што се резултат на катастрофалните економски политики и мерки на владата на СДСМ и ДУИ.

Затоа велиме дека најдобро за економијата во Македонија е промена на оваа криминална, неспособна и неодговорна власт. Ковачевски покажа дека има голем мерак на фотелјата и не го интересираат граѓаните. Ако сака нека ја земе фотелјата дома, само нека ја спаси државата од својата неспособност, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот