Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство?

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство?

Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – Ковид убива поради неспособноста на владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера повторно бројот на заболени од КОВИД е скоро 2.000, во земјава има над 20.000 активни случаи на вирусот.

Над 8.000 луѓе починаа откако почна пандемијата. Македонија изгуби луѓе колку што население има цел еден помал град.

Народот умираше не само како последица на состојбите кои ги предизвикува КОВИД, туку умираше и зошто немаше кој да им даде кислород, умираше и зошто доцнеа вакцини, затоа што власта бараше провизии.

Од ВМРО-ДПМНЕ додават дека народот умира од КОВИД и затоа што владата е неспособна. Здравствените власти да се зафатат со работа, и посветено да пристапат на пандемијата. Импровизациите чинат животи.

Можете да прочитате

Ноќна полициска акција во Битола: Претреси во домови на дилери, пронајдена дрога

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

СДСМ: Дрога од 5 тони, слики со криминалци и луксузни часовници