Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Зекири не можел да прави милионски криминал без знаење на главата на мафијата на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Зекири не можел да прави милионски криминал без знаење на главата на мафијата на власт

Од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека, додека народот осиромашува, владеачката елита на СДСМ и ДУИ преку криминали и корупција се богати.

„Случајот со генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, исто како и неговиот претходник Рашковски ја злоупотребил својата функција направил криминална зделка чија вкупна вредност е речиси 1 милион евра. Имено Зекири на двајца хрватски државјани им исплатил скоро 1 милион евра врз основа на договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти за кој немало тендер и на крајот добил “семинарски труд“. Ваков милионски криминал не може да се прави без знаење на главата на мафијата“, се посочува во писмената реакција од страна на оваа партија.

Додаваат дека истрагата треба да се прошири на сите кои биле вмешани.

„Затоа прашуваме, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро? Дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумотт Заев и или кај новиот шеф Ковачевски?“, е наведено во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт