Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за јавно објавените телефонски броеви: Пратениците од СДСМ не треба да бегаат од народот

Навистина не е разбирливо зошто пратениците на СДСМ се нервозни за објавените телефонски броеви на социјалните мрежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Тие телефонски броеви и мобилни апарати им ги плаќа токму народот, истиот народ од кои тие се избрани“, потенцираат во нивното соопштение.

Телефонските броеви на народните избраници, според опозициската партија, не се тајна и треба секој граѓанин да ги има, бидејќи тие седат во Собранието токму заради народот.

„Пратениците на СДСМ не треба да бегаат од народот, а особено од прашањата зошто не е објавен протоколот кој министерот за надворешни работи Османи го крие и што содржи тој Протокол и какви гаранции има во предлогот за заштита на македонскиот идентитет“, прецизираат во информацијата од опозицискиопт ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во пресрет на утрешната пленарна седница на која се очекува ќе биде разгледуван францускиот предлог, на социјалната мрежа Твитер се појави слика со телефонските броеви на пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција.

Можете да прочитате

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско