Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, ова е фијаско на политиките на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе спроведеме целосна децентрализација на општините

За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче на која беа соопштени новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник.

„Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со КОВИД-19. Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот. Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот. Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата порача дека министерот треба итно да поднесе оставка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија