Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за празникот најави протест со автомобили, колоната ќе се движи од Скопје до Штип

ВМРО-ДПМНЕ за празникот најави протест со автомобили, колоната ќе се движи од Скопје до Штип

За 23 Октомври кој во земјава се празнува како Ден на македонската револуционерна борба, кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ најавува протест со автомобили против, како што се вели, мафијата на власт, а за правдата и слободите.

Како што најавуваат од партијата, протестот ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски – Општина Карпош и СЦ Јане Сандански – Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието каде ќе се обрати партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот „Гоце Делчев“, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

„127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. Денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат“, се наведува во партиското соопштение преку кое се повикуваат граѓаните масовно да се приклучат на протестот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот