Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за владината кампања за вакцинација: Сите фотографии се симнати од интернет и чинат 20 евра

ВМРО-ДПМНЕ за владината кампања за вакцинација: Сите фотографии се симнати од интернет и чинат 20 евра

Сите фотографии кои Филипче и Заев ги употребуваат за кампањата се симнати од интернет страница за фотографии и мултимедија каде месечна претплата е 200 евра со што се добива неограничен фонд на фотографии, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, по повод кампањата за вакцинација.

„Истата таа кампања каде се платени само фотографии кои чинат 20 евра е наплатена 300.000 евра. Тоа се пари на граѓаните кои можеле да бидат потрошени за повеќе вакцини, за кислород во болниците каде фали или за изградба на модуларни болници за кои викаат дека немаат пари.

Оваа власт има пари за се, само за тоа што треба не.

Се поставува прашањето дачи преку скапо платената кампања за вакцинација се плаќа всушност кампања за СДСМ за локалните избори?

Дали СДСМ си покрива маркетинг со државни пари?

Колку и СДСМ да се труди да манипулира и да поткупува тоа веќе не поминува.

Време е за промени и за нов пристап. Време е за Македонија за сите луѓе“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата