Скопје, 16 февруари 2020
Република Македонија и законодавниот дом не смеат никогаш повеќе да бидат заложници на криминалот, изнудите и тргувањето со националните интереси.
Како што шверцерски, преку непринцишиелни пазарења, состави мнозинство за да дојде на власт и за да ја заобиколи волјата на граѓаните, така и на крајот од неговото владеење, Заев со уцени, закани и поткуп се обидува да обезбеди поддршка на сопствената амнестија.
Зоран Заев по насилен, неуставен и шверцерски пат преку своите слуги сака да донесе Законот за јавно обвинителство се со цел тој да се спаси од одговорност за сите криминални афери и скандали.
Заев ги злоупотребува институциите и во законот за јавно обвинителство гледа последна шанса за спас кога ќе падне од власт.
Законот е штетен и селективен, спротивен на Уставот, а тоа го потврдија и универзитетски професори, докажани во својата професија.
Интерес на сите граѓани во Република Македонија е владеење на правото, развиена и стабилна економија, а не насилство, уцени, и агресија од страна на криминално рекетарската власт на СДСМ и Заев.
12 април е денот кога ќе се стави крај на политичката криза, нестабилноста и несигурноста која што ја создава СДСМ и крај на политичката кариера на Заев.
На 12 април следува обнова на Македонија.
Заев никогаш повеќе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки