Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со изјави изврши притисок врз судот и го аболицираше Рашковски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со изјави изврши притисок врз судот и го аболицираше Рашковски

Медиумите објавија докази, а Заев упорно го брани својот другар Рашковски, и во изјава за медиуми од позиција на премиер изврши притисок врз правосудните инстанци, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев го аболицираше Драги Рашковски преку медиумите, а судот безпоговорно изврши“, велат од опозициската партија, откако вечера беше објавено дека притворениот Рашковски, кој еден месец издржуваше казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, оди во куќен притвор.

Покрај тоа од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него, го префрлил целиот имот на своите малолетни деца.

„Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството“, порачува опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт