Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска промовираат социјалната нееднаквост и ќе ги дискриминираат децата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска промовираат социјалната нееднаквост и ќе ги дискриминираат децата

Во врска со неодамнешните најави од министерството за образование за дигитални учебници, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Заев и Царовска промовираат социјална нееднаквост и ги дискриминираат децата.

„Над 25.000 деца немаат допир со компјутер тие не може да учат од интерактивни електронски учебници. Катастрофална грешка е воведување само на електронски учебници. Тоа го нема во ниту една земја во светот, ниту во најразвиениете. Електронските учебници можат да бидат помагала, ама не и на нив да се базира наставниот процес во целост. Наводната реформа на Царовска е за полнење на џебовите на поединци, а не за добро на децата“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие оценуваат дека туркањето, како што го нарекуваат, по секоја цена да се смени системот е насилие. Според ВМРО-ДПМНЕ, повлекувањето на законот и негово враќање со европско знаменце е силување на законите и злоупотреба на процедурата закони од значење за нашата ЕУ интеграција.

„Царовска сака само да спречи дебата, некој да профитира, а децата да се осакатат“, стои во писменото соопштение од оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ како прва работа што ќе ја направи по паѓањето на СДСМ од власт ќе биде враќање на хартиените учебници и поведување постапка за злоупотреба на службената положба и овластување на сите кои ги оштетиле децата, граѓаните и буџетот, посочуваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт