ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане“, велат од партијата.
Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата.
„По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.