Зоран Заев ја потценува интелигенцијата на граѓаните кога вели дека гради автопат од 260 километри што е лага која е преголема дури и кога доаѓа од негова уста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„137 километри е оддалеченоста од Скопје до Струмица, делница која Заев би требало да ја знае. Ако се градеше толку многу како што само Заев брои, односно 260 километри автопат тогаш сите во Македонија тоа ќе го видеа и ќе го знаеја. Овие 260 километри автопат се само во главата на Заев“, се наведува во партиското соопштение, во кое македонските граѓани се повикуваат да им стават крај на како, што се вели, ваквите лаги и на 15 јули да одберат обнова за Македонија.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради 260 километри автопат, само во својата глава е превземен од МАКФАКС.