Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и сметките на фирмите со покачувањето на горивата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и сметките на фирмите со покачувањето на горивата

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: 

„Заев годишно ќе зема по 54 милиони евра повеќе од џебот на народот и сметките на фирмите со покачувањето на горивата.

54 милиони евра помалку кај граѓаните ќе значи поголема сиромаштија и потешка егзистенција кај илјадници семејства.

Зголемената цена на горивата со таканаречената зелена такса ќе влијае и на зголемување на цените сите производи, од прехранбени до услуги.

Над 100.000 земјоделци се главно погодени од ова покачување на горивата и тие ќе имаат уште поголеми трошоци за производство.

Народот и стопанството во целост преку зелената такса ќе го плаќаат крадењето на власта во изминативе години.

Преплатените јавни набавки и изборниот поткуп го испразнија буџетот и заради истите Заев ја задолжи Македонија 2.4 милијарди евра, а секое семејство во просек по 4.800 евра.

И сега народот повторно ќе плаќа заради Заев. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!“

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт