Секој ден над стотина граѓани остануваат на улица, а Заев вели дека Република Македонија има стабилна економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од партијата, додека граѓаните осиромашуваат и не знаат како да ги платат даноците, Заев заедно со неговите министри се луксузира.
„Шекеринска во Министерството за одбрана купува колачи и вафли, а 40.000 ново невработени луѓе немаат за леб. Економијата во државата доживеа колапс. Според извештаите земјата во вториот квартал од 2020 година, бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека Заев ги довел граѓаните до питачки стап, додека неговите бизниси цветаат.