Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Доктори колабираат од умор, а Филипче се смее по спотови на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Доктори колабираат од умор, а Филипче се смее по спотови на Заев

„Тоталната незаинтересираност на Заев и Филипче за здравјето на граѓаните, резултира со тотално фијаско на здравствениот систем во борба со коронавирусот.Европа ни ги затвара границите препознавајќи ја неспособноста на Заев и Филипче. Не сакаат да ги загрозат здравјето и безбедноста на нивните граѓани заради тоа што Заев и Филипче ја запоставија корона кризата и се фрлија на коруптивни афери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вчера имаше 126 нови случаи на заразени од корона, и 4 починати. Заев и Филипче од Македонија направија црна точка во Европа.

„Заради Заев и Филипче имавме втор пик во јуни. Затоа што наместо да си ја работат работата, Заев договарал и местел тендери, земал поткуп и менаџирал рекет.Здравјето на граѓаните било во втор план, затоа што во прв план било земањето на 300.000 евра од Дака.Заев и вчера не кажа за што ги потрошил тие 300.000 евра кои ги земал од Дака.Додека граѓаните ги чувствуваат последиците од коронакризата, Заев и неговите функционери бројат милиони од поткуп.Заев уште молчи, а ЈО не презема ништо за тврдењето на Боки 13, дека парите кои тој ги рекетирал завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Македонија се наоѓа во оваа состојба на без излез и апатија, затоа што наместо да се работи, Заев и СДСМ три години мислеа само на криминал, корупција и рекет.Македонија тоне, а тие штанцаат лиценци за марихуана, местат тендери за РЕК Битола, рекетираат фирми.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Доктори колабираат од умор, а Филипче се смее по спотови на Заев е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт