Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку пратениците од СДСМ кажат НЕ на ултиматумот, се откажуваме од предвремени избори

Img 7972

Очигледно власта решила да ја игнорира волјата на граѓаните. Тие ги игнорираат и интелектуaлците и експертите по евроинтегративните прашања и сите оние кои им говорат дека содржината на предлог преговарачката рамка е крајно неповолна за Македонија и води кон две можни сценарија, или вечни преговори или асимилација, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Ковачевски и Османи се одлучиле со просто мнозинство, макар тоа биле 41 партеник да направат собраниска фарса, со цел да прикажат некаква транспарентност. Тоа што ќе се случува сега во оваа фаза во Собранието ќе биде информација, која суштински нема да делува на процесот, бидејќи процесот сега зависи од Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека важно е пратениците на СДСМ и другите партии од власта да бидат рационални и да ја сфатат штетноста за македонските евроинтеграции од еден ваков предлог на долг рок и да пркосат на уцените и диктатите, но и притисоците на партиските челници, кои немаат ништо заедничко со демократските и европските вредности.

Така ќе покажат дека Македонија им е поважна од било каква партиска наредба.

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ги става националните и државните интереси пред партиските и затоа ги повикува пратениците од СДСМ да гласаат против предлот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барањето на предвремени избори и доколку треба ќе поддржи опстојување на оваа власта, макар и како малцинска.

Да не дозволиме Македонија да биде уценета, да покажеме дека националните и државните интереси се поважни од се, да кажеме Ултиматум-Не благодарам, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите од – 1 наутро до 15 преку ден

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати