Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Доведени сме во ситуација да молиме за вакцини, зошто не набавивме како Србија и Албанија?

(Видео) Обезбедени се вакцини за 400 илјади граѓани, ќе пристигнат на почетокот на идната година

 

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат навреме вакцини за граѓаните беа посветени во градење куќи и набавки на златни лажици, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, затоа Македонија е петта земја во светот по смртност од Ковид-19 и последна земја во Европа која ќе набави вакцини.

„Во услови кога над 87 илјади лица заболеа, а скоро 2.700 починаа во епидемијата, Заев и Филипче немаат абер да набават час поскоро вакцини. Ја лажеа јавноста дека вакцините само што не дошле, дека Бугарија ќе ни донира, дека Грција набавува за нас, ама и Бугарија и Грција добија вакцини, а Македонија веќе во средина на јануари нема добиено ниедна вакцина“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Србија, Албанија и сите земји во Европа веќе набавиле вакцини и отпочнале со вакцинирање на своето население.

„Зошто сме доведени во ситуација да молиме вакцини од некого, наместо да постапиме како нашите соседи кои најдоа начин да го заштитат здравјето и животите на своите граѓани“, прашуваат од опозициската партија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт