Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров е соучесник на Заев во мафијашката власт

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров е соучесник на Заев во мафијашката власт

Никола Димитров освен што го погази достоинството на народот и на Македонија е директен заштитник на криминалот. Затоа Македонија со Димитров и Заев нема европска иднина. Димитров половина година знаел за случајот Рекет и за криминалните шеми, но молчел, а видовме и зошто. Сведоштвото говори дека рекетираните пари завршувале кај Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Димитров молчел и за тргувањето со правдата, но и за „трас трас“ одлуките со кои селективно биле уништувани судски постапки за одредени случаи. Со ваква правда на Заевски начин нема Европа. Со ваква правда Македонија ја претворија во најкорумпирана држава во која владее мафијата. Секој оној кој што е неистомисленик на мафијашката власт или добива политички монтиран процес или му ја палат колата со амин на Заеви.

Димитров е соучесник на Заев во уништувањето на Македонија.

Димитров, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сниман, препознаен, но непроцесиран – дали системот затаил и дозволил осомничениот да стане сериски убиец во кумановско?

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците