Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели до почетокот на учебната година, Царовска без план како ќе се одвива

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели до почетокот на учебната година, Царовска без план како ќе се одвива

Две недели пред почетокот на учебната година, а Царовска се уште без концепт како ќе се одвива учебната година, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа изгубена власт повторно неспремна и без идеја како да ја спроведе учебната година. Учениците, родителите и наставниците на само 15-тина дена до стартот на годината не знаат на каков начин истата ќе се спроведува. Нудат некакви си концепти, наместо веќе да беа подготвени. Дали тоа ќе значи уште една изгубена година во образованието, хаос и менување на плановите од месец во месец. Родителите не знаат дали нивните деца ќе тргнат на училиште, наставниците не знаат на каков начин ќе предаваат. Повторно тотален хаос“, велат од партијата.

Јавноста, но и родителите и учениците, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ги немаат видено електронските учебници, ниту знаат како ќе учат учениците од прво и четврто одделение според Концепцијата за реформи во образованието на Мила Царовска.

Од партијата прашуваат како наставниците и учениците од прво и четврто одделение на само две недели пред учебната година ќе се подготват за одржување на електронското учење.

„Каде се дигиталните уреди кои помпезно ги најавуваа Мила Царовска и Зоран Заев за учениците од прво и четврто одделение? Но нема ниту учебници за останатите одделенија, нема ниту учебници во електронска или печатена верзија и за средношколците. Учебната година штотуку не започнала, а учениците се уште ги немаат добиено сведителствата од претходната година“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму овинија дека, како што велат, заради неспособноста на Царовска и оваа година ќе започне со тотален хаос или со повторно одложување на стартот на учебната година.

„Толку од успешните реформи на Царовска. За целосниот хаос изминативе четири години во образование Мила Царовска ќе мора да понесе одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт