Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали ЈО од Струмица сака да забошоти истрага за убиство затоа што трагите водат до структури блиски до власта?!

Дали ЈО од Струмица сакало да ја забошоти истрагата за убиството на младото момче од Ново Село затоа што трагите водат до структури блиски до власта?! Со денови власта молчи, и повторно се обидува да забошоти убиство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека според информациите кои излегоа во медиумите, дури ЈО кој излегол на терен, извесен Златко Иванов, констатирал дека обдукцијата врз телото на убиеното момче била вршена нереално, односно било манипулирано со трагите од насилство. Но случајот тука завршил. Зошто и дали некој наредил во Судска медицина да биде изготвен таков извештај со цел случајот да се затвори како несреќа?

Целиот случај е воден со големи пропусти. И индицира дека буквално се внимавало да не се дојде до некој.

Ова е втор случај во кој власта се обидува да прикрива убиство, како што беше случајот со убиството на ракометарот Тот. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

ВРЕДИ се пофали дека Владата дала 50 милиони евра за општините со албанско мнозинство

Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка, вели евроамбасадорот Рокас

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни