Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали снимките покажуваат дека вториот човек на БЈБ ослободил лице кое пукало врз полиција?

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонија со власта на СДСМ и ДУИ живее како во мафијашки филмови. Власта на СДСМ и ДУИ и МВР на Оливер Спасовски се обидуваат да прикријат дека висок функционер во МВР кој заштитувал лице што учествувал во вооружен напад врз полиција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Спасовски и МВР молчат за каубојската престрелка која се случила во Чаир, во која лице осудено на затворска казна пука врз полицијата, а потоа е ослободен по интервенција на Ариф Асани функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ.

И овој случај никој немаше да дознае, ако не излезеше снимка на социјалните мрежи по која Оливер Спасовски и МВР треба да одговорат дали лицето во сина кошула од јавно објавената снимка е Ариф Асани, заменикот директор на БЈБ?

Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат да замине лицето кое ја нападнало полицијата?

Власта на СДСМ и ДУИ наместо да ја штити безбедноста на граѓаните и службените лица, се грижи за безбедноста на криминалците и мафијашите. Затоа криминалот царува, а мафијашите се чувствуваат сигурно.

Ова мора да престане. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да понесе одговорност“ велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија