Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај СЦ „Борис Трајковски“ и какви релации има Шилегов со него?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај СЦ „Борис Трајковски“ и какви релации има Шилегов со него?

Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Шилегов со него, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?

Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара?

На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат. Колку чини овој шверцерски ДУП?

Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“ се вели во соопштението на партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт