Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз?

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен. Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, додаваат од оваа партија, не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.

„Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси“, истакнуваат во напишаната реакција од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт