Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го ограничи мандатот на претседателот на партијата на четири години

ВМРО-ДПМНЕ го ограничи мандатот на претседателот на партијата на четири години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе нов статут според кој го ограничи мандатот на претседателот на партијата на четири години.

„ВМРО-ДПМНЕ на претседателот на партијата, претседателите на општинските комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на конгрес, согласно новиот Статут им го ограничува мандатот на четири години, при што максимум на истата функција, кој и да било од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство“, изјави Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така со овој Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на две години.

Тошковски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот која што со статус го ограничува бројот на мандати на високи на функционери на партијата.

Тој, исто така, информира дека централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овластил претседателот на партијата Христијан Мицкоски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Последната фаза од кампањата на ВМРO-ДПМНЕ е репресија и политички прогон, велат од СДСМ

Кој прв, а кој последен ја дочекува Новата година според временските зони

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип