Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Врските за вакцинирање главна карта за вакцините на Филипче кои доцнат

ВМРО-ДПМНЕ: Врските за вакцинирање главна карта за вакцините на Филипче кои доцнат

Врските за вакцинирање главна карта за вакцините на Филипче кои доцнат. Граѓани чекаат со недели за да дојдат на ред, а други добиваат вакцини преку ред, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, власта направила поделба на граѓаните на луѓе од прв ред и луѓе од втор ред.

„Луѓе од прв ред се луѓето од власта и тие добиваат се преку ред, а луѓе од втор ред се сите други, кои треба да чекаат да добијат се луѓето од власта, па за нив ако остане остане. Вакцинирани се луѓето подобни за власта, а за народот нема вакцини. Народот треба да чека за сите од власта да се извакцинираат, па за нив ако остане“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија сметаат дека целиот процес на вакцинација почнал со како што велат, донирани вакцини.

„Првите 60-тина илјади вакцини беа милостина на други држави и од „Ковакс“ системот, а потоа кога се потрошија народот одеше во Србија да се вакцинира, за на крај во последните три недели скоро и да снема вакцини, а процесот речеси запре. На Филипче му требаа 5 месеци за да почне со вакцинација и уште 2 месеци за да дојде до некоја нормална бројка на вакцини. Во тој временски период десетици илјади се заразија и стотици ги загубија своите животи“, пишуваат од опозициската партија.

Додаваат дека заради неспособноста на Филипче народот страда и дека е време да се стави крај на лошите политики.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт