Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се луксузира, а нема пари за поголеми плати за вработените во образованието

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се луксузира, а нема пари за поголеми плати за вработените во образованието
Dik 300x250 mk

Власта се луксузира со нов мебел, нови возила, енормно троши за непродуктивни трошоци, а нема пари за зголемување на платите на вработените во образовниот процес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски призна дека нема пари во Буџетот за платите на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките.

Од партијата додаваат дека образовниот, здравствениот и воспитувачкиот кадар во градинките заслужуваат повисоки плати. Потребно е веднаш да се усогласат платите на овие сектори со колективните договори.

Власта е глува за барањата на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките за покачување на платите.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на вработените во образовниот систем, бидејќи тие заслужуваат поквалитетен живот и подобар стандард.

Владата мора да ги зголеми и платите во здравствениот систем. Токму поради лошите услови и малите плати се повеќе здравствени работници ја напуштаат државата.

Потребно е и зголемувања на платите и во другите области, и раст на платите соодветен на минималната плата.

Во услови кога во државата секој ден има зголемување на инфлацијата и опаѓање на животниот стандард, потребни се итни и реални мерки од страна на владата на администраторот Ковачевски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Ахмети: Не се повлекувам, јас победив на овие избори

ВМРО-ДПМНЕ „на готово“ доби уште една општина – се повлече независниот кандидат за Могилa

ВРЕДИ: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”