Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев е тендерашки картел

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев е тендерашки картел

 

Власта на Заев е класичен тендерашки картел со кој државата тоне, а тие се богатат, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Во услови кога пропаѓа една банка, министерката Нина Ангеловска ја интересирало како да ги повлече своите депозити. Заев ја издаде Ангеловска дека владата одамна пред пропаѓањето на Еуростандард банка знаела за состојбите, па така наместо да се интересира за друго министерката за финансии се занимавала со извлекување на 200 илјади евра додека сите останати ќе мора да чекаат стечајна постапка за да си ги добијат своите пари.

Токму поради ваквото однесување на Ангеловска, јасно и станува на целата јавност како Македонија се задолжи за цела милијарда евра нов долг, а патем да нема никаква помош за стопанството, нема капитални инвестиции, нема заштита на стандардот на граѓаните. Нивната неспособност и неодговорност и терањето лични бизниси сега сите граѓани ќе го плаќаат со повисока цена на струјата за 7,5 отсто“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт