Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта знае дека народот е против бугаризација и затоа бега од референдум

„СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе.

dobivaj vesti na viber

Референдумот е врвна форма на демократско изразување на волјата на народот. Ниту едно прашање или процес не смее да биде исклучен од можноста да оди на референдум.

Референдумот е апсолутна можност власта да го чуе и имплементира ставот на народот.

Ако СДСМ и власта се убедени дека тоа што го прават со бугаризацијата на државата е исправно, тогаш каде е проблемот и зошто бегаат од референдум.

Очигледно СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати референдумската иницијатива, и таа е начин на да се зачува јазикот, историјата и идентитетот. Народот мора да биде слушнат“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

ЦУК со информации за состојбата со врнежите од снег

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција