Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50 отсто е на дневен ред во Собранието, СДСМ и ДУИ да го поддржат, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ да го прифати предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50 отсто, а не да брка дневен популизам. Предлог законот за намалување на акцизата на горивата за 50% денес е на дневен ред во собрание. Пратениците на СДСМ и ДУИ да го поддржат предлогот, во спротива ќе потврдат дека брка само дневен популизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата образложија дека намалувањето на акцизата за 50 отсто ќе влијае за намалување на трошоците за производство во земјоделието, индустријата, но и ќе влијае позитивно врз буџетот на граѓаните.
„Во последните година ипол цените на горивата поскапеа и до 100 проценти. Единствен начин да се спречи спиралата на поскапување е намалување на акцизата на горивата за 50 отсто. Квази мерката на СДСМ со која цените на горивата се намалуваат за 30 проценти не е доволна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.