Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е неспособна, за еден ден цените на горивата и храната се качија и по 15 денари

Цената на горивата за еден ден скокнаа за 15 денари, 90% од тоа покачување не е резултат на флуктуациите на светските берзи, туку на зголемената акциза која ја наметна СДСМ. Цените на храната за еден ден се зголемија исто така за 15 денари. Брашното, лебот и шеќерот се продаваат и по 60 денари, а зејтинот над 160 денари за литар, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за намалување на цените на горивата и храната, но СДСМ се однесува игнорантски.

Инфлацијата која веќе една година ја јаде економијата не е увезена, туку е резултат на неспособната влада.

Тоа што пред една година можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.

СДСМ нема капацитет да ја стабилизира економијата и да донесе напредок. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Започна со работа новата хала на компанија Амфенол

Божиновска и Колумбија: Заедничка визија за енергетска ефикасност и поддршка на граѓаните

Мицкоски: Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз