Скопје, 16 април 2020
Македонија најслаба во Европа. Владата ги остави стопанствениците сами на себе.
Додека соседните земји одвојуваат и до 10 пати повисока помош за стопанството и граѓаните, СДСМ ги остави на цедило малите и средни бизниси кои се движечка сила на секоја економија штитејќи ги само интересите на олигархијата. Ваквата неодговорна политика единствено води кон болна рецесија и тешка сиромаштија. На чело со СДСМ и владата, црно му се пишува на обичниот граѓанин и на целокупната економија.
Владата на СДСМ е безидејна и суетна. Таа не сака да ги прифати решенијата кои ВМРО ДПМНЕ ги предлага. Во моментов е неопходна помош и за транспортниот сектор.
Субвенционирање на 50% од бруто платата на работниците во транспортниот сектор.
Ослободување од плаќање на патарини и царински давачки за превозниците во периодот додека трае состојбата со пандемијата.
Субвенција во висина од 5 денари по литар потрошено гориво за сите транспортери
Субвенционирање на 50% од средствата кои се плаќаат за надомест за патишта и задолжителна автоодговорност за сите автобуси и камиони до 12 месец 2020 година; Ние сме свесни дека претпријатието за јавни патишта има свои обврски но исто така сме свесни дека може овие мерки како држава да ги издржиме додека трае кризата.
Брз поврат на ДДВ на превозните трговски друштва заедно со камата за задоцнета исплата, што ќе значи дотур на свежи пари за одржување дневната ликвидност.
Регистрацијата на возниот парк, кој претставува голем издаток за превозните трговски друштва да се исплаќа на рати минимум 6 месеци од датата на носење на Уредбата или да се продолжи рокот на важење на истите до периодот на траење на вонредната состојба како што е пример со сите други званични документи.
Превозниците се едни од најпогодените од пандемијата и многу битна алка во снабдувањето на храна, намирници и медицинска опрема. Тие се од витална важност за функционирање на државата во ваква алармантна и сложена состојба во време на пандемија. СДСМ треба да ја остави политиката на страна и да се зафати со конкретна работа во поглед на решавање и помагање на стопанството и економијата. Суета и политиканство во време на вонредна состојба и пандемија прави поголема штета. СДСМ и владата сериозно потфрлаат во мерките за помош на бизнисите и граѓаните и состојбата станува очајна.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.