Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Беслимоски не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во РКЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна
Dik 300x250 mk

Слугата на мафијата, Марко Беслимоски не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија за енергетика, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ваквиот потег на Беслимоски е невиден преседан, да народни избраници кои се избрани преку волјата на народот не бидат примени во државна институција и да поднесат барање. Иако ВМРО-ДПМНЕ има уредни барања до регулаторна комисија, сепак наиде на затворени врати и не се дозволи истите да бидат примени во институцијата.

Првото барање е враќање на старата цена на струјата, што значи поевтина струја за народот и второто е професионализација на комисијата односно оставка на претседателот на Комисијата Марко Беслимоски и членовите кои функционираат како продолжена рака на владата.

ВМРО-ДПМНЕ бара поевтина струја затоа што во Македонија владее голема сиромаштија, а над 100.000 граѓани живеат со 50 денари дневно.

Беслимовски наместо да му служи на народот, тој му слугува на Заев, а го кодоши сопствениот народ. Заев и Беслимовски во штабот на СДСМ ја креираат цената на струјата со која го осиромашуваат народот и го газат неговото достоинство. Партиска инсталација како Беслимовски не може да раководи тело кое треба да биде независно и затоа мора да биде сменет.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите намери, ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на сите граѓани на Република Македонија“ се вели во реакцијата на партијата

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев” и избега