Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на бројот на тестови за КОВИД-19

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

Скопје, 13 мај 2020

Несоодветниот и неадекватниот пристап на владата во борбата против коронавирусот не доведе до ситуација да имаме најголем морталитет во регионот, поголем од Грција, Бугарија и Албанија заедно.

Иако процентите на заразени се слични во сите земји во регионот, процентот на смртност во Македонија е неколкукратно поголем од другите земји. Тоа може да биде основен индикатор дека се крие вистината на вистинската бројка на заразени. Наместо тоа да ни биде показател да се тестираат што повеќе, и бројот на тестирања да се зголеми, ние гледаме дека бројот на тестови на тестирања се намалува. Денеска за 24 часа во Македонија извршени се извршени само 189 нови тестирања, од кои се дијагностицирани дури 10 новозаразени. Но сепак бројката секогаш се движи помеѓу 7 и 10 проценти.

Процентот односно морталитетот во Македонија е убедливо највисок во регионот, бидејќи вистинската бројка на заразени е неколкукратно повисока од бројката на официјално заболени. За да се држи бројот на заразени на ниско ниво не се прават тестови.

ВМРО-ДПМНЕ алармираше да се изврши масовен скрининг, и тоа ќе биде единствениот начин за добивање на вистинска и сериозна слика со што се бориме, и до каде сме против епидемијата. Тоа е единствениот начин и најмеродавен начин во кој што може да се донесат соодветни одлуки и соодветна стратегија за борба против заболувањето. Владата со нетестирањето не само што го доведува во заблуда населението, туку го доведува во заблуда и здравството, здравствените работници и здравствениот систем.

Целата лажна слика која се создава е во насока да се прикаже дека ситуацијата е делумно под контрола и дека може да се оди на некакви брзи избори, со што Заев би си го намалил неминовниот пораз.

Бараме зголемување на бројот на тестови. Само така ќе знаеме на што сме и како треба да се дејствува и кои мерки треба да се преземат, и така ќе знаеме дали и кога можеме да одиме на избори, не смееме како политичари да приредиме масовно заразување на граѓаните со овие политички активности.

ВМРО-ДПМНЕ, иако убедливо ќе победи на изборите кога и тие да се случат, не сака избори кои би биле причина за загрозување на здравјето на граѓаните. Здравјето пред се.

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути