Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка

Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка, Ковачевски да не молчи и да каже дали одобрил откажување од Делчев? Ковачевски молчи и не прави ништо за Македонија. Бугарските барања за ставање на нивните ултиматуми и уцени во преговарачката рамка која ќе треба да ја исполни земјава при влез во ЕУ се заглавување на Македонија и можност Бугарија да бара нови и нови отстапки кога ќе посака, а сето тоа да го правда како обврска за влез во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ставање на бугарските барања во преговарачка рамка, доколку тоа треба да биде гласано во собранието.

Прифаќање на таква рамка е капитулација за државата. Ковачевски да не молчи и да каже и дали одобрил откажување од Гоце Делчев?

Ковачевски како ни се до сега молчи и за преговарачката рамка која сакаат да ја наметнат Бугарите и за Делчев. Ковачевски не направи ништо за државата откако е премиер. Само порази и неуспеси. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Арената „Тоше Проески“ се најде на листата меѓу топ 10 стадиони на Балканот

Првата линија од „Градски воз” можно е да профункционира до крајот на годинава

Таравари: Распишувањето на предвремени избори зависи од ВМРО-ДПМНЕ