Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме одговорност од власта зошто снема струја во моментите кога Мицкоски даваше отчет за општините

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме одговорност од власта зошто снема струја во моментите кога Мицкоски даваше отчет за општините

Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, коментирајќи дека партискиот лидер продолжил со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.

„Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“, велат во соопштението.

Попладнево речиси половина Скопје остана без електрична енергија.

Можете да прочитате

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“