Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

Шекеринска знаела за криминалот и рекетирањето. Шекеринска уживала во Луј Витон луксузот на Боки 13. Шекеринска молчела за потеклото на парите на Боки 13, иако била свесна дека невработено лице со блокирана сметка не може да има такви приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека милиони евра завршуваат во Луј Витон торби, пари за анестезиолози и доктори ќе нема, а здравствениот систем ќе колабира. Ситуација во која се најде Македонија како последица од корона вирус очигледно не ги интересира челниците на СДСМ.

Црната бројка на заразени во Македонија надмина 7000 граѓани, а Министерот Венко Филипче си тера политичка кампања и си снима пропагандни спотови за партијата. Бројот на починати наши сограѓани е речиси 350, и таа секој ден се зголемува. Неодговорноста на власта доведе до ваков колапс на здравството.

Здравствениот систем се распаѓа. Наместо да се трудат да набават лекови го видовме директорот на Фондот за здравство Ден Дончев собира снопчиња со пари во кожна чанта. Медицинските работници молат за медицинска опрема, болниците е распаѓаат.

Водството на СДСМ ги интересира се друго освен интересот на народот. Видовме како се носат Луј Витон куфери полни со милиони евра рекетирани пари, за кои осудениот во случајот рекет Боки 13 посочи дека завршиле кај Вице и Зоран Заев. Видовме снимка како Боки 13 е во друштво со веќе осудената за случајот рекет Катица Јанева и Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ.

Слушнавме како се рекетирале и странски бизнисмени за 300.000 евра од самиот врв на Владата предводена од СДСМ. Слушнавме како Вице Заев давал зелено светло за палење на автомобили на политичките неистомисленици, како се местеле тендери за блиски до власта. Има се повеќе докази дека врвот на СДСМ е една голема криминална банда која ја уништи Македонија.

Видовме се само не видовме како владата предводена од СДСМ реализира проекти во корист на граѓаните. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во соопштението на партијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт