Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ не беше неспособна ќе продолжеше со гасоводот кон Грција во 2017

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ не беше неспособна ќе продолжеше со гасоводот кон Грција во 2017

Ако СДСМ не беше неспосoбна ќе продолжеше со гасоводот кон Грција во 2017, ВМРО-ДПМНЕ остави проект и обезбедени средства, соопшти опозициската партија.

„ Проектот за интерконекторот кон Грција ВМРО-ДПМНЕ го потпиша уште во 2016 година, а пари за проектот беа обезбедени во 2017 година. СДСМ тогаш наместо да продолжи со реализација тие неосновано го запреа. Доколку СДСМ имаше малку капацитет за реализација на стратешки проекти, сега цела држава ќе имаше гас, во секој град, во секое село.

По 5 години државата не е ниту еден чекор напред, туку назад. Време е тоа да се промени. Избори што побргу“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија