Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев не ја поддржи Резолуцијата ќе остави сомнеж дека во позадина планира нови отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев не ја поддржи Резолуцијата ќе остави сомнеж дека во позадина планира нови отстапки кон Бугарија

Зоран Заев и СДСМ го одбегнуваат гласањето на Резолуцијата во Собранието и бараат изговори во тривијални работи, реагираат од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДСМ навистина се согласува со текстот на Резолуцијата, тогаш нивните пратеници треба веднаш да ја поддржат истата, во спротивно се остава впечаток дека Заев бега и не сака да ја гласа Резолуцијата затоа што во позадина преговара и планира нови отстапки. Зоран Заев и СДСМ по стоти пат го покажаа својот деструктивен карактер за Македонија и македонските интереси“, стои во писменото соопштение од партијата.

Од таму велат дека доколку Заев продолжи да си игра со македонските национални интереси на целата јавност ќе и стане јасно дека тој далеку од очите на јавноста прави нови штетни отстапки.

„Со одбивањето да ја поддржи Резолуцијата Заев оди спротивно на изградените позиции кои се прифатени од општата експертска јавност и општествено политичките чинители во државата, а се плод на ставовите на МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА. Да покаже малку храброст и да се надмине себе си. Заев да ја поддржи Резолуцијата“, стои во написот.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт