Скопје, 15 мај 2020
СДСМ се однесува несериозно и неодговорно. До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со корона, а сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември.
Со ова Зоран Заев и СДСМ докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат цела држава.
Ваквиот нивен ултиматум е најголем доказ дека на Заев и СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните туку единственo политичките игри кои на Заев може да му донесат помал пораз.
Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба да уценува некого ниту да диктира услови.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.