Утрински Весник
Економија

Влатко Стефановски е новиот бренд-амбасадор на „Шпаркасе Банка“

Шпаркасе Банка започна соработка со Влатко Стефановски, еден од омилените музичари на македонската и на балканската публика. Во рамките на своите заложби за општествена одговорност и иновативно претприемништво, банката планира соработката со Стефановски да биде насочена кон поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава. Оваа соработка е составен дел од пошироката регионална кампања „Верувај во себе“ што ја спроведуваат членките на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе.

„Предводени од нашиот корпоративен слоган ‘Верувај во себе’, ние цврсто веруваме дека за постигнување успех, клучно е да верувате во себе, во своите квалитети и моќта да ги менувате работите. Веруваме во храбри и посветени луѓе, кои целат кон повисоки вредности и ги поместуваат границите, па токму затоа го одбравме Влатко Стефановски за наш бренд-амбасадор. Тој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и музичар што отсекогаш верувал во себе и во својот сон. Сметаме дека токму Влатко идеално ќе ја пренесе нашата силна порака кон младите луѓе да веруваат во себе, во своите креативни способности и потенцијали, постојано да се надоградуваат и да учествуваат во значајни проекти за македонската уметност и култура“, изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот Oдбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Како што додаде, банката и натаму останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, но истовремено продолжува да инвестира во заедницата, во културата и во иновативните идеи што го движат бизнисот напред.

„Веруваме во нашите клиенти и во потенцијалот на нивните идеи“, рече Кустурица.

Со соработката со Влатко Стефановски, Шпаркасе Банка го означува почетокот на пошироката кампања „Верувај во себе“ и настаните што подоцна ќе следуваат во рамките на платформата „Шпаркасе Life“, чија цел е поддршка на иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и активности поврзани со екологијата, образованието, спортот, здравството, како и ранливите и маргинализираните групи.

„За презентирање на сопствените идеи, потребни се умешност и храброст. Нема лесни победи, упорноста и вербата во себе се клучни. Во оваа пригода би сакал да изразам благодарност до тимот на Шпаркасе Банка за укажаната доверба, драго ми е што во мене препознале талент, истрајност и успех. Пред нас стојат многу концерти и проекти, и верувам дека заеднички ќе уживаме во нивната реализација. Се надевам на успешна соработка на обострано задоволство“, изјави Влатко Стефановски, новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Lизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

(ПР)

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски