Утрински Весник
Македонија

Владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Dik 300x250 mk

Делегација на Владата, предводена од вицепремиерот Бојан Маричиќ во придружба на министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, денеска по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот.

dobivaj vesti na viber

Годинава се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот загинаа 1.070 лица, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без своите домови.

Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.

Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија.

Можете да прочитате

(Видео) Голема полициска акција, уапсени 11 лица за лихварство

ВРЕДИ: Изборите беа локални, но поразите на НАИ се национални

Д-р Даниловски: Глувците имаат идеални услови за размножување во ѓубриштето