Утрински Весник
Свет

Владимир Кличко со порака: Најболно е што жртвите на војната се деца, срцето ми крвари

Владимир Кличко со порака: Најболно е што жртвите на војната се деца, срцето ми крвари

Легендарниот боксер Владимир Кличко уште еднаш се огласи на социјалните мрежи.

Владимир, заедно со неговиот брат Виталиј, градоначалникот на Киев, се приклучи на украинската војска.

„Само што видов неколку фотографии. Срцето ми крвари. Да се ​​напаѓаат деца значи да се напаѓа животот, самата цивилизација“, рече Кличко.

Тој нагласи дека најболно е што жртвите на војната се деца.

„Децата умираат токму сега, во своите домови, на улиците. Ова е конкретен и реален резултат на таканаречената специјална операција на Путин. Кога не ги убива тие ангели, ги убива нивните родители, баби и дедовци“, истакна Кличко.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван