Утрински Весник
Македонија

Влада: Oд работа да бидат ослободени целосно слепи лица, лица во инвалидска количка и со тешка или умерена интелектуална попреченост

Заклучоци од 19-та седница на Владата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Владата на денешната 31. седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените лица во овие институции кои одат на работа со придружба – целосно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста на доаѓаат на работното мести и од работните активности.

Истата мерка Владата препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор, соопшти владината прес-служба. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари