Утрински Весник
Економија

Влада: Усогласени уредбите за субвенционирање на исплата на придонеси за време на криза и за финансиска поддршка на погодените од кризата на вонредна состојба

Ангел Димитров за МИА: Половина од компаниите пријавија пад на економските активности за над 50 проценти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Владата денеска на седница донесе измена на Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, со која се обезбедува усогласеност со Уредбата за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено–економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, заради  исплата на платите, односно со неа се предвидува можноста најпогодените сектори (угостителството, туризмот, транспортот) да користат и друг вид на поддршка предвидена освен со оваа уредба.
-Дополнително, со усогласувањата, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување , не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент, соопшти владината прес-служба. сст/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра